02.04.2025 Светски ден на литературата за деца
02.04.2025
    Годинашното одбележување на Светскиот ден на литературата за деца, во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”, за првпат беше од меѓународен карактер.
  Во Дом на АРМ Струмица, пред учениците од четврто одделение од ООУ “Сандо Масев”, со свои литературни дела се претставија три поетеси од Р. Бугарија, Катерина Кирјанова, Валентина Црнакова и Магдалена Илиева, членови на литературното друшво “Ефтим Ефтимов” од Петрич. Учениците исто така можеа да уживаат и во песните, брзозборките, гатанките и досетките на нашите роднокрајни автори, Славица Андреева, Иван Котев и секако неодминливиот Киро Донев кога станува збор за читање на литература за деца.
Изложби