Одбележување на Денот на мајчиниот јазик
-
април 7, 2025
-
0 Comments
21.02.2025
“Јазикот – тоа сме ние.
Тоа што го зборуваме е одгласот на нашата душа. Затоа треба да го сакаме, негуваме и чуваме нашиот јазик. Со тоа ќе останеме верни на духот на нашите предци.
Големиот борец за македонскиот јазик, учителот и научникот Крсте Петков Мисирков, зборувајќи за јазикот, ќе рече дека љубовта кон нашиот јазик и неговото чување е наш долг и наше право. Ние сме должни да го сакаме нашиот јазик, зашто тој е исто толку наш, колку што е наша и татковината ни Македонија. И не само како наследство, туку и како нешто скапоцено, како што мајката ги сака и чува своите чеда.
Блаже Конески ни порача дека јазикот е нашата татковина.
Оти, јазикот сме ние, нашата душа.”
Извадок од предавањето на Иван Котев во ООУ “Гоце Делчев”-Босилово, по повод Meѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Седмоодделенците и осмоодделенците имаа множност да слушнат за значењето на мајчиниот јазик, како мост кој ги поврзува претходните, сегашните и идните генерации.
Настанот организиран од Дом за деца и млади “Благој Мучето” во соработка со раководниот и наставниот кадар во училиштето.