Завршен настан на проектот со Роза Мојсовска- уметник која што црта со уста
17.09.2024
Реализирани последните блок часови од проектот ,,Роза Мојсовска- ликовен уметник којашто црта со уста“. Во овој проект учествуваа ученици од ООУ ,,Герас Цунев,, – Просениково, нивната менторка Слободанка Митева и ученици од ООУ ,,Видое Подгорец“- Струмица и нивната менторка Македонка Ангелова Стоилова.
На овој час Роза Мојсовска им црташе “Пеперутка на цвет” со темперни бои и воедно им објаснуваше како таа слика и работи, а потоа децата работеа сaмостојно во консултации со Роза и нивните менторки.
Настанот заврши со фотографирање на мини изложба од создадените дела во овој проект и некои ликовни творби од претходните години.
На крај-дружба на сите учесници во проектот и разговор за самиот проект, размена на мислења.
Овој проект се реализира трета година по ред.
Изложби