Размена на изложби – Кочани

10.06.2024

Отворена изложба на ликовни творби на Училиштето за цртање при Центарот за култура “Бели Мугри” од Кочани.
Изложбата е дел од проектот ,,Размена на изложби” одобрен од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Изложени се околу 40 ликовни творби работени на тема цвеќе, пророда, по репродукција, а некои и на слободна тема. Користена темперна боја и акрил на хамер и иверица.
Изложбата ја посетија ученици од петто одделение и нивната менторка Соња Спасова од ООУ “Никола Вапцаров” – Струмица.
Следуваше едукативен интерактивен час со учениците кои покажаа интерес за начинот како се работат ликовните творби, возраста на учениците кои ги работат и сл.
Воедно имаа можност да ја видат и изложбата од Републички детски средби ,,Цвеќе-2024″ и да уживаат во големиот број на ликовни творби.
Изложби