28 Републички ликовни детски средби -Цвеќе 2018

Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,,-Струмица на 31.05.2018 година ги реализираше 28 по ред Републички детски средби -,,Цвеже-2018,,.Околу сто ученици од основните  училишта од СтрумицаНово СелоВасилевоБосилово, Стојаково, Гевгелија, Демир Капија и Берово, беа дел од оваа манифестација .Настанот се реализираше  со финасиска  поддршка на Министерството за култура и Општина Струмица.

Станува збор за традиционалена манифестација од  натпреварчки карактер, кој се реализира со изложба на ликовни творби  на тема цвеќе, цртање на хамер и аранжирање свежо цвеќе во икебани.

Одѕивот на учесниците и интресот за овој настан  станаува се поголем ,а со тоа институцијата  препознатлива во Регионот. Отворена и изложбата на пристигнатите ликовни дела, а својата креативност учениците ја покажаа во сите категории и во цртање на хамер и со аранжирањето на свежо цвеќе. Најдобрите во трите категории добија и пригодни награди“ .

Во категоријата цртање на хамер, беа доделени 13 награди, за аранжирање свежо цвеќе 5 награди и за ликовните творби на изложбата 13 награди. Секој учесник доби подарок за учество, а материјалите за работа: хамер, бои, цвеќе и сад за аранжирање ги обезбеди организаторот, Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Настанот беше проследен од регионалниот телевизиски медиум канал ,,ВИС,, ,објавен на Фан страната на Домот за деца и млади на ФБ и на web страната на институцијата www.domzadecaimladi.mk.Архивиран со извештај и фотографии.

 

Изложби