05.04.2024 Иван котев во Ново Село

05.04.2024

Нашиот познат роднокраен собирач на народни умотворби, Иван Котев, одржа час по фолклористика во ООУ “Мануш Турновски” – Ново Село, како дел од проектот “Фолклорното наследство – трајно културно богатство”, поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија. Учениците од VII и VIII одделение имаа можност лично од Котев да бидат запознати со начинот на собирање, дешифрирање и објавување на собраните материјали од неговата долгогодишната собирачка дејност.
Беа прочитани песни, раскази, гатанки, поговорки…од неговите книги со народни мудрости.
Настанот, вообичаено, во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, а во соработка со раководниот и наставниот кадар во училиштето.
Изложби