Преставување на млади литерати во Кочани
17.01.2024
 Претставување на роднокрајните литературни надежи Рената Атанасова и Василија Ѓоргиева, овој пат во Библиотеката “Искра” во Кочани, вообичаено – во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица.
 Промоцијата на нивните литературни дела, како и на нив самите како авторки, се одвиваше на малку поразличен начин од промовирањето на литературни дела како што сме навикнати.
Присутните на промоцијата – претежно афирмирани афористичари, поети, писатели…се вклучија со свои прашања и коментари во врска со творештвото на младите авторки, давајќи им поттик да продолжат и понатаму да творат на полето на литературата.
Литературна дружба за паметење, со надеж дека ќе се повтори со промовирање на новоиздадени книги од младите писателки.
 Секако и благодарност до директорката на библиотеката, Кристина Ѓоргиевска Атанасова за прифатената соработката и овозможување кочанчани да се запознаат со творештвото на авторките.
Изложби