11 Октомври
-
јануари 29, 2024
-
0 Comments
11.10.2023
Уште еден Ден на народното востание, уште еден Ден на борецот, одбележан како што си доликува, како што заслужуваат сите знајни и незнајни борци коишто ги положија животите за денешната слобода.
Домот за деца си млади со пригоден рецитал на членовите на рецитаторската секција, а Општина Струмица преку речта на Членот на Советот на општината, Танкица Митрева, ги потсетија присутните за тешките моменти во борбата за ослободување на татковината.
Нека ни е за многу години празникот, да не’ потсетува на македонскиот непокор и истрајноста во борбата за слобода.