Прием на првачињата во Детската организација
6.10.2023
 Прием на првачињата од основните училишта на територијата на Општина Струмица, во Детската организација со давање на свечено ветување.
Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”, со ритмичко – драмски точки на учениците од 3г одделение од ООУ “Сандо Масев” – Струмица со наставничката Весна Митева, со ученичкиот хор од ООУ “Видое Подгорец” – Струмица, под раководство на Ване Наумов и Соли Митева, и со прекрасната драматизација на Мелани Илиева од ООУ “Гоце Делчев”- Босилово, под менторство на Аргир Зимбаков, беше одбележана Детската недела.
Со пригоден говор на првачињата им се обратија Членовите на Советот на Општина Струмица – Силвана Стојанова и Танкица Митрева.
Модератор на настанот – Василија Ѓоргиева, член на литературната секција при Дом за деца и млади.
Нескриената радост на лицата на децата како доказ дека целиот настан ќе им остане во долго и пријатно сеќавање.
Изложби