14.07.2023 Одбележување Благој Мучето
14.07.2023
Со рецитирање на револуционерна поезија од членовите на рецитаторската секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, беше одбележана 79 годишнина од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето.
Пригоден говор за револуционерното дело на народниот херој, одржа Ице Беличев, Член на Советот на општина Струмица.
Денешниот ден воедно е и патронен празник на Домот за деца и млади, како и на градската библиотека кои го носат името на Благој Мучето.
Изложби