Час по Фолклористика во ,,Сандо Масев“- Струмица

23.03.2023

Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, а во соработка со раководниот и наставниот кадар од ООУ “Сандо Масев”-Струмица, се одржа Час по фолклористика.
Предавач на часот беше нашиот познат фолклорист, собирач на народни умотворби Иван Котев.
На часот, учениците беа запознати со делата на Иван Котев, начинот на собирање, прибележување и објавување на народните умотворби.
Учениците заедно со наставничката Љупка Кљанкова, прочитаа неколку песни и приказни од народното творештво.
Исто така беа запознати и со значението на поговорките , пословиците, гатанките…
Како и за етноафоризмите што се пишуваат врз основа на народните поговорки и пословици.
Изложби