Едукативни часови по фолклористика со Иван Котев
 29.10.2022
 Одржани уште два едукативно-забавни часа по фолклористика со нашиот познат собирач на народни умотворби, Иван Котев.
На 27 октомври во ООУ “Видое Подгорец” – Струмица и следниот ден во ООУ “Кирил и Методиј” – Дабиле, учениците имаа ретка можност да се запознаат со фолклорната дејност на Иван Котев, а истовремено и самите да прочитаат некоја народна умотворби што ја слушнале од повозрасните.
 Часовите беа организирани од Дом за деца и млади “Благој Мучето”-Струмица, во соработка со раководниот и наставниот кадар во училиштата.
Изложби