27.09.2022 Отворена изложба на Ликовна колонија ,,Манастир Св.Ѓорѓи“- Неготино

 27.09.2023

  Поставени ликовни дела создадени на Детската ликовна колонија,, Манастир Св. Ѓорѓи – 2022” во организација на Центарот за култура,, Ацо Ѓорчев”- Неготино. Настанот е дел од проектот од национален интерес,, Размена на изложби” финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија .
  Гости на настанот учениците од ООУ,, Никола Вапцаров” – Струмица и нивната наставничка Билјана Гунова. Со учениците се реализираше едукативен час, на кој беше присутна и Рената Димитрова една од учесничките на колонијата, претставничка на Домот за деца и млади,, Благој Мучето ” – Струмица и општина Струмица. Освен неа учествуваше и Андреа Кирова, и двете под менторство на Слободанка Мечева.
  
Изложби