11 Септември -Ослободувањето на Струмица
78 години слободна Струмица!
Настанот одржан на Спомен костурницата над градот – во чест на сите борци паднати за слободата.
До сите оние коишто дадоа придонес за ослободувањето, како и за обновата на татковината, искажа благодарност во својот говор Г-ѓа Дениза Стамболиева, член на Советот на општина Струмица.
Рецитаторите при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица и овој пат одлични во рецитирањето на револуционерна поезија.
Марија Витанова наградена со прва награда за поезија, на конкурсот распишан од Сојузот на борците, по повод 11 Септември, Ден на ослободувањето на Струмица.
Изложби