24.06.2022 – Одбележување
24.06.2022
    Пред споменикот подигнат во нивна чест, беше одбележана 21-годишнина од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт во 2001 година.
  Свежо цвеќе положија претставници на семејствата, на Советот на општина Струмица предводени од претседателот Марјан Даскаловски, претставници на СВР Струмица, политички партии и здруженија на граѓани.
  За бранителите Китанов и Јанев зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
Пригоден рецитал читаа членовите на Литературната, секција на Домот за деца и млади,, Благој Мучетто” – Струмица.
Изложби