Одбележан 15 Април, Светскиот ден на уметноста

14.04.2022 Одбележан 15 Април, Светскиот ден на уметноста

Поставена изложба на ликовни дела од Младинска ликовна колонија “Св.Пантелејмон” – Кочани. Организатор и домаќин – Домот за деца и млади ,,Благој Мучето”- Струмица.

Изложбата е дел од проектот,, Размена на изложби” финансиран од Министерство за култура.

Поставени 22 ликовни дела, работени со акрил и бои на платно, на Младинската ликовна колонија во организација на Дом на култура ,,Бели Мугри”- Кочани. Изложбата ја отвори Александра Димитрова, ментор на Младинската колонија и преставник на Домот на културата.

Настанот беше проследен регионалната ТВ Канал ВИС и заинтересирани граѓани.

Изложби