Отворање на Изложба – Втора размена

.26.11.2021

Отворена изложба на ликовни творби во организација на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето“- Струмица како дел од Струмица Град на културата 2021 . Овие ликовни творби се од годишната изложба на членовите на училиштето за цртање кое работи при Домот на култура ,,Јане Сандански ,,- Ново Село, под менторство на ликовниот уметник Звонко Тилев . Гости на овој настан ученици од 9 то одделение од основното општинско училиште ,,Видое Подгорец,, – Струмица и нивната менторка Македонка Стоилова . Целта на организирањето на вакви изложби е развивање на креативноста , подобрување и развивање на перцепцијата ,визуелниот процес и спознајниот процес на децата .Тоа се постигнува токму со организирање на овој вид изложби ,свесно да се насочува и потикнува ,а при тоа да се негува и традицијата и да се пратат модерните текови.

Изложби