Цртање – Детска недела

5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, симболично го отпочнавме одбележувањето на Детската недела, кое започнува во првата полна седмица од месец октомври……Традиционално Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, – Струмица, во соработка со општинските основни училишта од Струмица и регионот одбележувањето го започна со цртање на отворено во Градскиот парк на хамер поставен на штафелаи со сув пастел на тема ,,Не заборавајте ги децата, дарувајте им љубов и внимание“. Одбележувањето продолжува со распишување на ликовен и литературен конкурс на тема ,,За поубав детски свет “ до сите основни општински училишта. Пораката од овој настан е во самата тема – Дарвувајте им љубов и внимание на децата, не заборавајте ги, тие се нашата иднина.

Изложби