Изложба и Промоција на Роза Мојсовска

Струмица-град на културата 2021

31.08.2021

 🖼 Изложба на слики и поетско читање на стихови од Роза Мојсовска

🖼 Штитеничката од Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско, Роза Мојсовска, која слика со помош на устата, ги воодушеви струмичани со своите дела – 🖼 слики, претставени во градскиот парк во Струмица.Станува збор за уметнички дела насликани со уста, работени во техниките акрил, масло на платно и акварел, во кои преовладуваат пејзажи, цвеќиња и портрети на девојки.

Роза Мојсовска и овој пат покажа дека и лицата со посебни потреби имаат право на надеж, на соништа, но и дека оваа категорија граѓани може да биде корисна за општеството. 📖За време на изложбата се читаа стихови од новите стихозбирки на Розе Мојсовска од страна на Марија Витанова , рецитататор при Дом за деца и млади.

Настанот е организиран од Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица а истиот е дел од програмата „Струмица-град на културата 2021“ за месец август.

Изложби