Размена на изложба – ,,Димитар Беровски,, – Берово

……Денес во Ликовната галерија на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,,- Струмица отворена изложба на ликовни дела – Ретроспектива од ликовните колонии одржани во организација на Домот на култура,,Димитар Беровски,, од Берово .Оваа изложба е дел од проектот ,,Размена на изложби,, финансиран од Министерството за култура на РСМ како проект од национален интерес.Со оваа изложба е воспоставена соработка помеѓу Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, и Домот на култура,,Димитар Беровски,, од Берово.Изложбата беше предвидено да има едукативен карактер за учениците учесници на нашите конкурси и запознавање со работата на ликовните уметници. Но поради состојбата со Ковид 19, изложбата беше реализирана соодветно зададените протоколи за одржување настани.

Изложби