Размена на изложба – Демир Капија

… Домот за деца и млади ,,Благој Мучето ,, реализираше отворање на изложба на ликовни творби ,,Цвеќе – 2019,, како резултат на соработка со Домот на култура,, Мирка Гинова,, – Демир Капија . Настанот се одржа во Домот на култура ,, Мирка Гинова ,, во Демир Капија ,кои се носители на проектот одобрен од Министерството за култура како проект од национален интерес. А Домот за деца и млади ,,Благој Мучето ,, -Струмица се јавува како соработник.Ликовните творби предмет на оваа изложба се создадени на ,, Републичките детски ликовни средби ,, – ,, Цвеќе -2019,, на кои зедоа учество преставници, ученици од повеќе училишта од Република Северна Македонија,меѓу кои и ОО училиште од Демир Капија .Оваа соработка помеѓу двете институции за култура започнува од 2018 година. Ликовната изложба беше реализирана според пропишаните протоколи за заштита од Ковид 19.

Изложби