Доделени награди по повод 8 Март- меѓународниот ден на жената

…09.03.2020
Доделени награди по распишан конкурс за ликовна и литературна дејност по повод 8 март – Меѓународниот ден на жената на тема : „ Жената – симбол на сигурност, љубов и топлина“. Организатори на настанот Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, – Струмица и Координаторката за еднакви можности на мажите и жените на општина Струмица . Оваа соработка е неколку години наназад ,со цел да се внесе родовиот аспект на гледање на мажите и жените , и да не заборавиме дека 8 март е Ден кога се одбележува борбата за економска, социјалана и политичка еднаквост со мажите во секој сегмент во опшеството. По распишаниот конкурс пристигнаа околу 100 дела во литературниот дел и 200 ликовни творби . Од пристигнатите творби наградени 10 од литературните творби и 18 во ликовната дејност , со пригодни награди за пошик за понатамошна креативна работа на учениците.А од пристигнатите ликовни творби отворена изложба .

Изложби