Доделување награди за Детската недела

01.11.2019 година

….Со доделување на наградите по распишан конкурс за Ликовна и Литературна дејност по повод Детската недела се заокружува одбележувањето на Месецот на детето или Детската недела . Во Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, организатор на овој настан пристигнаа 120 литературни творби и 250 ликовни творби.Темата за творење на овој настан беше ,, Имаме право на среќно детство,, ,заедничка за сите деца во училиштата во Републиката .Од пристагнатите творби беа наградени 17 од ликовна дејност и 11 од литературна дејност.На конкурсот зедоа учество ученици од општинските основни училишта од Струмица, Ново Село, Босилово и Василево. По доделувањето на наградите следуваше отворање на изложба од пристигнатите ликовни творби и читање на литературните творби од страна на младите творци…..

 

 

Изложби