Започнува одбележувањето на Детската недела

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерствотото за труд и социјална политика , секоја година ,веќе неколку децении се носители на активности поврзани со Детската недела.По тој повод Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,,во соработка со општинските основни училишта го започна одбележувањето на детската недела со цртање на отворено во паркот пред Домот на АРМ. Работеа 55 ученици со нивните ментори групирани во 11 групи на хамер со сув пастел на тема ,,Имаме право на среќно детство,,.На настанот се создадоа 11 ликовни творби ,кои ќе бидат изложени на Денот на приемот на првачињата во светската организација и беше испратена порака : ,, Децата имаат права ,Но и одговорности,,.

 

Изложби