Учество на Меѓународната Детска Ликовна Колонија „Лазар Софијанов“ Кратовo, 26-та по ред

10-15.06.2019

И оваа година се одржа Меѓународната Детска Ликовна Колонија „Лазар Софијанов“ Кратовo, 26-та по ред, во организација на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово и менторство на Ликовниот педагог проф. Даниел Тодоровски – Кратово, во која зедоа учество 25 млади уметници и 4 ментори од Прилеп, Кочани, Н.Село – Струмица, Велес, Скопје, Кратово, Куманово.

Помеѓу  учесниците беа учениците Зоран Христов  и Вангелица Иванова  како преставници на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето “ –  Струмица  , од ООУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Дабиље постојани соработници на Домот за деца и млади , како и Марија Малијанска и Анастасија Стојкова од ликовното студио при Домот на култура,, Јане сандански “ – Ново Село. Овие учесници работеа под менторство на проф.Звонко Тилев – Ново Село..

Учесниците како и нивните ментори  оставија свој уметнички печат и на свој начин  ја претставија  староградската архитектура на градот Кратово, кулите, мостовите и останатите градби карактеристични за овој град.

 

Изложби