.Доделени награди по распишан конкурс по повод 8 ми Март – Меѓународниот ден на жената

…..Доделени награди по распишан конкурс по повод 8 ми Март – Меѓународниот ден на жената во организација на општинската установа Дом за деца и млади ,,Благој Мучето,,- Струмица .За овој настан се распишува литературен и ликовен конкурс на тема ,,Жената – родител, работничка , интелектуалка ,, еден месец претходно за да учесниците имаат доволно време да творат . И оваа година ,како и претходните две ,установата воведува родова компонента ,да се создаде перцепција дека 8 Март е меѓународен ден на жената ,а не само на мајката. Од пристигнатите 200 ликовни творби и 100 литературни творби ,комисиите одлучија да наградат 13 учесници од 6-9 одд. и 7 учесници од 1-5 одд. за ликовна дејност ,и 5 учесници од 1-5 одд и 5 учесници од 6-9 одд за литературна дејност. Домот за деца и млади подготви пригодни награди соодветно на дејноста за мотивирање за понатамошна работа на учениците и учество на наредни конкурси.Отворена изложба од пристигнатите ликовни творби ,истата же трае 15 дена ,и сите зинтересирани можат да ја погледнат во холот на Домот на АРМ. Настанот го проследија регионалниот ТВ канал ,,ВИС,, и web порталите ,а на самиот настан зедоа учество шчениците,нивните ментори ,родители и заинтересирани граѓани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Изложби