Изложба на ликовни творби на учениците од ПОУ ,,Св. Климент Охридски,, од Ново Село
-
декември 13, 2018
-
0 Comments
13.12.2018 Декември
……Отворена изложба на ликовни творби изработени од учениците на ПОУ,,Св. Климент Охридски,,- Ново Село во организација на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, од Струмица .Овој настан се реализира како дел од проектот ,,Размена на изложби ,, финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.Изложени 30 тина ликовни творби кои што учениците ги работеле во текот на цела година во повеќе техники и на различни теми под водство на нивната менторка .Изложбата ја посетија ученици од ООУ ,,Никола Вапцаров,, и нивната менторка ,како и заинтересирани граѓани.по отворањето на изложбата се воспостави дружба на децата од двете училишта.Целта на овој настан е воспоставување на соработка помеѓу двете институции Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, и ПОУ ,,Св. Климент Охридски,, ,Но не само во м.декември кога е денот на хендикепот ,туку во текот на целата година.Се договорија повеќе форми на соработка за да инклузијата на лицата со посебни потреби биде во вистинска смисла на зборот и во повеќе настани и на различни настани.Со овој настан институцијата Дом за деца и млади ја испрати пораката до сите чинители на опшеството : ,,Сите деца се еднакви ,без оглед на нивните природни разлики,а нашата институција е отворена за соработка со сите деца ,,.