Отворање на изложба -Проект одобрен од Министерство за култура на Р.М
-
ноември 30, 2018
-
0 Comments
На 29.11.2018 година отворена изложба на 28 ликовни творби од училиштето за цртење од Домот на култура ,,Јане Сандански,,-Ново Село во организација на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, -Струмица како дел од проектот ,,Размена на изложби,, одобрен и финансиран од Министерството за култура на Република Македонија .Изложбата ја отвори Светлана Мазгалоска Вучетиќ -стручен соработник на Домот за деца и млади.На изложбата присуствува и ја проследија ученици на ООУ,,Видое Подгорец,,-Струмица.Учениците гости на овој настан можеа да видат што сработиле нивните другарчиња од Ново Село и воедно да се дружат едни со други.Дел од овој настан беа и децата -членови на ритмичката секција при Домот задеца и млади.Изложените ликовни творби се работени во повеќе техники,има пејсажи,ликовни творби работени по репродукции,мртви природи и сл.Настанот го проследи регионалната телевизија канал ,,Вис,,.