….. 2 Август – Илинден, И имаме повод за гордост и чествување, иако во специфични услови.
Нашата земја слави 117 години од востаничкиот Илинден и 76 години од државотворниот Илинден. Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето – „Кои сме, што сме и која е нашата татковина?
Двата Илиндена се две грандиозни покритија за смислата на нашето постоење, два големи печата на нашата татковинска тапија, две причини за негување и исполнување на аманетот кои ни го оставиле оние кои со љубов и крв ја испишувале нашата историја .( дел од говорот на градоначалникот Коста Јаневски).Положено свежо цвеќе и прочитан пригоден рецитал од членовите на литературната секција при општинската установа Дом за деца и млади,,Благој Мучето ,, – Струмица.