Со огромно задоволство Ви ги најавуваме 26те по ред републички детски средби “Цвеќе”.
Отварањето на изложбата ќе биде во четврток, 12.05.2016 во просториите на Дом на АРМ каде е сместена општинската установа Дом за деца и млади.
Тема на оваа изложба ќе бидат цвеќињата и нивното шаренило, низ боите и четките на нашите мали креативци.
Настанот е подржан од Општина Струмица, а почетокот ќе биде во 10 часот.
-
Републичка манифестација “Цвеќе”
12.05.2016 Дом на АРМ