• ДОМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ "БЛАГОЈ МУЧЕТО" - СТРУМИЦА

  • 28-те Републички детски ликовни средби „Цвеќе 2018“

    Околу сто деца основци од  училишта од СтрумицаНово СелоВасилевоБосилово, Стојаково, Гевгелија, Демир Капија и Берово, беа дел од 28-те Републички детски ликовни средби „Цвеќе 2018“, што ги организира Домот за деца и млади „Благој Мучето“ во Струмица, а со финасиска  поддршка на Министерството за култура и Општина Струмица.

    Станува збор за традиционален натпревар, кој се реализира со изложба на слики на тема цвеќе, цртање на хамер, аранжирање свежо цвеќе и изработка на ликовни творби.

    Одличен одѕивот на учесниците на овој настан, кој стана препознатлив за  институција-организатор на овој настан Домот за деца и млади,,Благој Мучето,,-Струмица. Отворена и изложбата на пристигнатите дела, а својата креативност учениците ја покажаа во сите категории и во цртање на хамер и со аранжирањето на свежо цвеќе. Најдобрите добија и пригодни награди“ .

    Во категоријата цртање на хамер, беа доделени 13 награди, за аранжирање свежо цвеќе 5 награди и за ликовните творби на изложбата 13 награди. Секој учесник доби подарок за учество, а материјалите за работа: хамер, бои, цвеќе и сад за аранжирање ги обезбеди организаторот, Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

     

Make a Donation
Paybal button
Become A volunteer