02.08.2022 ,,Илинден“

02.08.2022  Одбележан Денот на Републиката со пригоден говор од Елена Маѓеровска Пaликарова, член на Советот на општина Струмица, како и со рецитирање на револуционерна поезија од членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето” , Струмица.   Положено свежо цвеќе.

Read More
14.07.2022 – Одбележување од смрта на Благој Мучето

 14.07.2022 Со рецитирање на револуционерна поезија од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, дадовме придонес кон одбележувањето на 78 годишнината од смртта на народниот херој Благој Јанков Мучето, чие има го носи нашата институција.

Read More
25.06.2022 Одбележување од раѓањето на Борис Трајковски

25.06.2022   Денес се навршуваат 66 години од раѓањето на вториот Претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски.   По тој повод доделени награди по распишан конкурс од, ЛУБ,, Благој Јанков Мучето “- Струмица, прочитани наградените литературни творби.   Положено свежо цвеќе од семејството, Градоначалникот и советот на општина Струмица, политичките партии и здруженија на […]

Read More
24.06.2022 – Одбележување

24.06.2022     Пред споменикот подигнат во нивна чест, беше одбележана 21-годишнина од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт во 2001 година.   Свежо цвеќе положија претставници на семејствата, на Советот на општина Струмица предводени од претседателот Марјан Даскаловски, претставници на СВР Струмица, политички партии и здруженија на граѓани.   За […]

Read More
Ликовна колонија ,, Св. Ѓорѓи“ – Неготино

16-17.06. 2022  Учество на Детска ликовна колонија,, Св. Ѓорѓи” – Неготино со Андреа Кирова и Рената Димитрова, со менторката Слободанка Мечева, во организација на Дом за деца и млади,, Благој Мучето ” – Струмица. Учествуваа домаќините, Демир Капија, Ново Село и Берово. Создадени 25 прекрасни дела акрил на платно.

Read More
„Едукативна работилница“

14.06.2022 Нови часови со Роза Мојсовска, овој пат Роза покажа и изработи мртва природа – вазна, со цвеќе. По неа и учесниците цртаа вазна, со цвеќе во паркот пред АРМ.

Read More
,,Вело Награди“

09.06.2022 Доделени награди по распишан Ликовен и Литературен конкурс на тема,, Велосипед – цел еден свет ” во склоп на проектот на општина Струмица,, Вело Струмица,, Вело град во соработка со основните општински училишта во Струмица. Доделени 7 награди од ликовниот дел и 5 награди од литературниот дел.

Read More
,,Едукативна работилница “ – нови часови

06.06.2022 Продолжува со работа Едукативната работилница со Роза Мојсовска. Одржани два нови часа, на кои Роза им покажа на учесниците како се бои со темперни бои. Потоа самите работеа на изработка на ликовни творби со инструкции на Роза. Настанот се одвиваше во градскиот парк, каде учесниците работеа и се дружеа.

Read More
„Вело изложба на Струмичкиот плоштад“

04.06.2022 Струмичкиот плоштад го красеа ликовните творби изработени во текот на вчерашниот настан во градскиот парк како дел од,, Вело Струмица ”, и ликовните творби пристигнати на, распишаниот конкурс на тема,, Велосипед – цел еден свет ” направени од вредните раце на учениците и нивните ментори од ООУчилишта, а во организација на Дом за деца […]

Read More
,, Вело Струмица “

  03.06.2023 Со „Вело Струмица“ го славиме 3.Јуни – Светскиот ден на велосипедот. Домот за деца и млади,, Благој Мучето ” – Струмица се вклучи во Вело Струмица заедно со 9 екипи од по три ученици и нивните ментори од Основните општински училишта од Струмица. Учесниците цртаа на тема,, Велосипед – цел еден свет ” […]

Read More