2 Април – Светски Ден на литературата за деца

…… Денес по повод 2 Април, Светски ден на литературата за деца, во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, а во соработка со ООУ “Гоце Делчев” – Вељуса, во дворот на училиштето се одржа едукативено- забавен час. Пред учениците со дел од својот творечки опус се претставија роднокрајните автори – Киро Донев и Сузана Мицева…. За литературата за деца зборуваше Др.Ана Витанова Рингачева.Во текот на часот беа запазени сите пропишани мерки за заштита од Ковид – 19.Авторите, како и Домот за деца и млади, на библиотеката во училиштето и’ подарија книги од нивното творештво и книги за деца од кинески автори.

Изложби